Политика на приватност за апликацијата „My BRAVIA“

Датум на последна ревизија: февруари 2023 година

Оваа политика на приватност опишува како Sony Europe B.V. („Sony EU“) ги користи податоците собрани од Вас и Вашиот телевизор кога го регистрирате Вашиот телевизор преку „My BRAVIA“ (претходно позната како „Дополнителна понуда“) („Апликацијата“) што е достапна преку телевизорот. Оваа политика на приватност е ограничена на Вашата употреба на оваа регистрација и промоција со и низ апликацијата. Не управува со собирањето податоци од страна на Sony EU или нејзините подружници преку Вашата употреба на BRAVIA-телевизор или други апликации. Политиката на приватност за BRAVIA-телевизор, којашто беше претставена за време на првичното поставување на телевизорот, може да се види на Вашиот телевизор под [Help] > [Privacy setting] (Помош > Поставки за приватност). Исто така, можете да ја повлечете согласноста што сте ја дале за употреба на Вашите податоци во секое време, преку [Help] > [Privacy setting] (Помош > Поставки за приватност).

ПОДАТОЦИ ШТО ГИ СОБИРА SONY EU

Кога ја користите Апликацијата, Sony EU собира податоци што го идентификуваат Вашиот специфичен телевизор, вклучувајќи и ID-броеви за рекламирање („Идентификатори на уред“), како и податоци поврзани со работењето на Апликацијата и како комуницирате со истата, на пр., какви избори правите на секој екран, дали сте ги прегледале правилата и условите за одредена понуда, сте одговориле на понуда или сте ја избрале, како и времето што го трошите во Апликацијата („Запис за Апликацијата“). Кога го регистрирате Вашиот телевизор или одговарате на понуда или анкета, Sony EU ќе собере и некои податоци со кои можете да бидете идентификувани како специфична личност, како Вашето име и адреса на е-пошта („Лични податоци“). Дополнително, може да собереме податоци за Вас, како Вашите интереси и претпочитани вредности во однос на тековни и идни производи поврзани со телевизија и услуги на пазарот преку анкета („Податоци од анкета“).

КАКО SONY EU ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ

Анкети

Понекогаш, Sony EU ќе Ве праша дали сакате да учествувате во една од нашите анкети, а ние ќе ги собереме податоците што ќе ги обезбедите според Вашата согласност. Може да прашаме за податоци како Вашите интереси и претпочитани вредности во однос на тековни и идни производи поврзани со телевизија и услуги на пазарот. Можете да одлучите да не учествувате во анкетата или да се откажете во кој било момент за време на анкетата.

Можете да ја повлечете Вашата согласност погоре во секое време со следење на упатствата во е-пораките. Повлекувањето на согласноста нема да влијае на законитоста на обработката што се засновала врз Вашата согласност пред повлекувањето на истата. Исто така, не сте законски обврзани да ни ги дадете овие податоци, но, во спротивно, можеби нема да сме во можност да Ви ги обезбедиме сите услуги.

Активности за обработка поврзани со нашето обезбедување на Апликацијата до Вас

Sony EU може да ги користи Личните податоци, податоците од Записите за Апликацијата и Идентификаторите на уредот што ги собира за (i) да го регистрира производот и да Ви обезбеди содржини и услуги што ги барате (ii) да обезбеди услуги за техничка поддршка; и (iii) да истражува и спречи измама и други незаконски активности или активности кои ги прекршуваат нашите политики.

Правната основа за целта (i) е исполнување на договор (член 6 (1) (b) Општа регулатива за заштита на податоците); за целите (ii) и (iii) е во наш легитимен интерес да одржуваме безбедни услуги (чл. 6 (1) (f) Општа регулатива за заштита на податоците).

Општ маркетинг преку е-пошта

Според Вашата согласност (со избирање „Се согласувам да примам рекламни комуникации преку е-пошта“), ние ја обработуваме Вашата адреса за е-пошта, податоците од Записите за Апликацијата и Записите за телевизор (телевизиските податоци се споделуваат со Sony EU според политиката на приватност за BRAIA на Sony Corporation) за да Ви испраќаме специјални понуди за производи и услуги кои може да Ве интересираат, да Ви испорачуваме рекламни комуникации или да Ви испратиме реклами преку е-пошта.

Имајте предвид дека Вашата согласност ја формира правната основа преку којашто Sony EU може да обработува податоци за Вас за општ маркетинг преку е-пошта според законот во Европската Унија (член 6 (1) (a) Општа регулатива за заштита на податоците). Можете да ја повлечете Вашата согласност погоре во секое време со следење на упатствата во е-пораките. Повлекувањето на согласноста нема да влијае на законитоста на обработката што се засновала врз Вашата согласност пред повлекувањето на истата. Исто така, не сте законски обврзани да ни ги дадете овие податоци, но, во спротивно, можеби нема да сме во можност да Ви ги обезбедиме сите услуги.

Насочено рекламирање преку е-пораки и/или содржини што се прикажани на Вашиот уред

Според Вашата согласност (со избирање на „Се согласувам да добивам насочено рекламирање преку е-пораки и рекламни ленти на овој уред“), ние ќе Ви обезбедиме насочени препораки за нашите производи и услуги преку е-пораки или рекламни ленти прикажани на Вашиот уред. За оваа цел, ние ги проценуваме Вашите претпочитани вредности и интереси кои ги идентификуваме преку Записот за Апликацијата и записот за телевизорот, Личните податоци, Податоците од анкета и Идентификаторите на уредот. Имајте предвид дека овие податоци може да се користат и комбинираат со други податоци кои Sony EU ги собрале за Вас во други производи и услуги од Sony кои може да ги користите.

Можно е да ја забележите оваа персонализација и насоченост кога користите производи и услуги од Sony EU, кога Sony EU Ве контактира со рекламни комуникации преку е-пошта (на пример, можеби ќе видите реклама поврзана со производ кој неодамна сте го користеле).

Имајте предвид дека Вашата согласност ја формира правната основа преку којашто Sony EU може да обработува податоци за Вас за насочено рекламирање преку е-пораки и/или содржини што се прикажани на Вашиот уред според законот во Европската Унија (член 6 (1) Општа регулатива за заштита на податоците). Можете да ја повлечете горенаведената согласност во секое време на следните начини:

(i)Приспособени е-пораки
Преку упатствата во е-пораките.

(ii)Приспособени содржини прикажани на телевизорот
Избирање на менито „Settings“ (Поставки) во Апликацијата.

Повлекувањето на согласноста нема да влијае на законитоста на обработката што се засновала врз Вашата согласност пред повлекувањето на истата. Исто така, не сте законски обврзани да ни ги дадете овие податоци, но, во спротивно, можеби нема да сме во можност да Ви ги обезбедиме сите услуги.

Споделување податоци со Sony Corporation за подобрување на производите

Според Вашата согласност (со избирање на „Податоците за користење на Апликацијата може да се споделат со Sony Corporation за да ги подобриме производите/услугите“), ги споделуваме податоците од Записот за Апликацијата и Податоците од анкета со Sony Corporation. Последователно, Sony Corporation ќе ги развие и подобри своите телевизори, апликации и поставки за телевизори со анализа на шемите на користење на потрошувачите.

Имајте предвид дека Вашата согласност ја формира правната основа преку којашто Sony EU може да обработува податоци за Вас за подобрување/развивање на производите и услугите на Sony Corporation според законот во Европската Унија (член 6 (1) (a) Општа регулатива за заштита на податоците). Можете да ја повлечете Вашата согласност погоре во секое време со избирање на менито „Settings“ (Поставки) во Апликацијата.

Повлекувањето на согласноста нема да влијае на законитоста на обработката што се засновала врз Вашата согласност пред повлекувањето на истата. Исто така, не сте законски обврзани да ни ги дадете овие податоци, но, во спротивно, можеби нема да сме во можност да Ви ги обезбедиме сите услуги.

КАКО SONY EU ГИ СПОДЕЛУВА ПОДАТОЦИТЕ

Sony EU ги споделува податоците за Вас со трети страни кои работат во наше име за да обезбедат функција или услуга до нас или до Вас.

Sony EU може да сподели податоци за Вас со Sony Corporation како независен контролор со цел за „Споделување податоци со Sony Corporation за подобрување на производите“.

Ако контактирате со Sony EU со прашања за Вашиот телевизор, може да е потребно да споделиме податоци за Вас со Sony Corporation за да Ви помогнеме.

Податоците што ги собира Sony EU може да се споделат со владините органи, службениците за спроведување на законот и сопствениците на содржините доколку тоа е потребно според горенаведените цели, доколку тоа е наложено според законот или потребно за да можеме да ги заштитиме нашите легитимни интереси, интересите на сопствениците на содржините или други корисници, во согласност со важечкиот закон.

Ако нашиот бизнис се продаде или интегрира со друг бизнис, податоците што ги собира Sony EU може да се откријат на нашите советници и советниците на потенцијалните купувачи и да се проследат на новите сопственици на бизнисот.

КАДЕ SONY EU ГИ ПРЕНЕСУВА ПОДАТОЦИТЕ?

Податоците за Вас ќе бидат обработени, складирани и пренесени за целите кои се наведени во „КАКО SONY EU ГИ КОРИСТИ ПОДАТОЦИТЕ“ во земји/региони надвор од Европската економска област (ЕЕО) и/или Вашата земја/регион, особено Јапонија и Соединетите Американски Држави.

Кога податоците се пренесуваат надвор од Европската економска област (ЕЕО) до нас или до трета страна во врска со целите наведени во оваа Политика на приватност, ние ќе усвоиме соодветни мерки за да се увериме дека Вашите лични податоци ќе бидат соодветно заштитени во овие земји/региони, доколку во тие земји/региони не постои законско ниво на безбедност споредливо со европските закони за заштита на податоци. Особено, може да ги примениме стандардните договорни клаузули објавени од Европската комисија, кои можете да ги видите тука https://ec.europa.eu/info/law/law-topic/data-protection/international-dimension-data-protection/standard-contractual-clauses-scc/standard-contractual-clauses-international-transfers_en. Кога податоците се пренесуваат во Јапонија, соодветното ниво на заштита на податоците се потврдува со одлуката за соодветност на Европската комисија.

Задржување на податоци

Sony EU ќе ги задржи Личните податоци и Идентификаторите на уредите во траење од 6 месеци по прекинот на користење на Апликацијата, освен ако е дозволено или потребно според важечките закони.

Во однос на податоците од Записот за Апликацијата и Податоците од анкети, Sony EU ќе примени максимален период на задржување од 6 месеци од датумот на собирањето.

Sony EU може да задржи податоци за Вас во соодветен период за да се заштитиме од правни барања, за да ја спроведуваме нашата работа, или до степен што е дозволен со важечкиот закон, кој може да бара од нас да ги задржиме релевантните податоци во одредени периоди.

КАКО SONY EU ГИ ШТИТИ ПОДАТОЦИТЕ

Sony EU презема комерцијално одговорни чекори за да ги заштити и обезбеди Личните податоци. Меѓутоа, нема гаранција дека ниту едно пренесување на податоци преку интернет, безжично пренесување или електронско складирање на податоци е 100% безбедно. Имајте предвид дека не можеме да ја гарантираме безбедноста на податоците кои ги собираме и дека истите ни ги обезбедувате на свој ризик.

ПРАВА НА ПРИВАТНОСТ

Во некои земји/региони, имате одредени права во однос на податоците што Sony EU ги поседува за Вас. Тие може да го вклучат правото да побарате копија од Вашите податоци што Sony EU ги поседува за Вас и/или право да побарате од Sony EU да ги измени, избрише, блокира/ограничи или коригира тие податоци доколку се неточни. Може и да имате право да нѐ замолите да Ви обезбедиме некои типови информации на Вас или на друга организација што ќе ја именувате во структуриран формат кој може да се чита на компјутер. Дополнително, можете да се спротивставите на обработката на податоците во некои околности (особено кога не мораме да обработиме податоци за да исполниме договорен или правен критериум).

ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ

Sony EU го задржува правото да ја измени оваа Политика на приватност во секое време, а тие измени ќе стапат на сила веднаш по објавувањето, освен ако не е поинаку наведено. Може да Ве известиме во Апликацијата или преку податоците за контакт кои сте ни ги обезбедиле. Доколку продолжите да ја користите Апликацијата на или по датумот на стапување на сила, тоа ќе значи дека ги прифаќате измените до степенот дозволив со важечкиот закон. Меѓутоа, Sony EU ќе Ве извести и ќе добие согласност од Вас ако е потребно.

ДОКОЛКУ ИМАТЕ ПРАШАЊА, КАКО МОЖЕТЕ ДА СТАПИТЕ ВО КОНТАКТ СО SONY EU?

Ако сте загрижени за тоа како ги обработуваме Вашите податоци, можете да нѐ контактирате на следниве начини:

ЗА ЖИТЕЛИ НА ЕУ или Швајцарија:

Ако сте загрижени за приватноста, имате поплака или прашање, контактирајте со Sony EU на privacyoffice.SEU@sony.com

Можете и да пратите писмо до Sony Europe B.V., The Privacy Office, The Heights, Brooklands, Weybridge, Surrey KT13 0XW, Обединето Кралство, или да контактирате со локалната компанија од групацијата Sony на https://sony-europe.com.

ЗА ЖИТЕЛИ НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО:

Ако сте загрижени за приватноста, имате поплака или прашање, контактирајте со Sony EU на: privacyoffice.SEU@sony.com

Можете и да напишете писмо до Sony Europe B.V., The Privacy Office, The Heights, Brooklands, Weybridge, Surrey KT13 0XW, Обединето Кралство.